Македонската репрезентација до 19 години денеска во Кромериц, Чешка ги стартува натпреварите на претквалификацискиот турнир за пласман во УЕФА елитната фаза од квалификациите за ЕП.
Македонија од 14 часот ја очекува пресметката со Хрватска, во групата во која уште се и домаќинот Чешка и Луксембург. Место во елитната фаза квалификации за ЕП обезбедуваат двете најдобри репрезентации од секоја група.
„Верувам во фудбалерите и убеден сум дека ќе дадат се од себе да се бориме за пласман во следната фаза квалификации. Имавме доволно време да се запознаеме и да се подготвиме за предизвикот кој го носи овој турнир. Наша цел е пласман на едно од првите две места, иако како главни фаворити и според квалитетот и според рејтингот се издвојуваат Чешка и Хрватска. Имаме одлични поединци во тимот, но колективот мора да биде на прво место доколку сакаме да оствариме позитивни резултати“ – вели селекторот Горан Станковски пред стартот на квалификацискиот турнир.
За квалификациите во Чешка, Горан Станковски ќе смета на следните фудбалери:
ГОЛМАНИ: Бојан ТИМЕВСКИ (Саса Каменица), Стефан ЈАКИМОВСКИ (Њу Старс), Методија ВЕЛКОВСКИ (Вардар);
ОДБРАНА: Зоран ИВАНОВСКИ (Академија Пандев), Христијан ДИМОВ (Интер Запрешиќ, Хрватска), Филип АНТОВСКИ (Вардар), Џејми ПЕРЧЕВСКИ (Фортуна Дизелдорф, Германија), Стефан СИМОНОВСКИ (Генц Калемлер), Стефан НАУМЧЕСКИ (Вардар);
СРЕДЕН РЕД: Бесник ФЕРАТИ (Партизани, Албанија), Анес ОСМАНОСКИ (Унтерахинг, Германија), Томче ГРОЗДАНОВСКИ (Тренчин, Словачка), Али АДЕМ (Вардар), Енис ФАЗЛАГИЌ (Жилина, Словачка), Алекс ТАЛЕСКИ (Вардар);
НАПАД: Јакуп БЕРИША (Вардар), Марио НАУМОСКИ (Победа), Сухел МУАРЕМИ (Шкупи), Марко Ѓоргиевски (Борец), Бојан КОЛЕВСКИ (Борец), Дарко ЧУРЛИНОВ (Келн, Германија).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА