У-19: Надежите имаа предност од 1-3 па со гол во 93. минута загубија со 4-3 од Словенија на „Купот на нациите“ (ВИДЕО)

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 19 години доживеа несреќен пораз од 4-3 (0-2) по примен гол во 93. минута од домаќинот Словенија на „Купот на нациите“.

Во крајно израмнет натпревар Македонија имаше предност од 0-2 по головите на Елези во 5. минута и Стојчевски во 22. минута.

Откако домашните намалија со гол од пенал, потоа следеше и 1-3 за Македонија со автоголот на Зајшек во 61. минута. Но, потоа следеше неверојатен пресврт и три гола на Словенците за победа од 4-3. Кљун постигна гол во 93. минута за триумф на домашните.

На „Купот на нациите“ за фудбалери до 19 години во Словенија, учествуваат и репрезентациите на Саудиска Арабија, Франција, Словачка и Русија.

Се вчитува...