У-19: Пораз на надежите во голеадата на гостувањето во Полска

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 19 години загуби од Полска на гостувањето во Варшава на пријателскиот натпревар одигран денеска.

Избраниците на Горан Станковски во рамноправен натпревар со домаќините загубија со 4-3 (2-1). Македонија поведе во 28. минута со автоголот на Кивиор, но Полјаците потоа со погодоците на Богуш, Собоч, Навроцки и Баргиел до 60. минута дојдоа до водство и од 4-1. Во финишот со головите на Бојан Коллевски во 71. минута и Талески во 88. минута Македонија успеа да ублажи за конечни 4-3.

На 16. октомври селекцијата на Станковски во Англија ќе одигра пријателски натпревари со Англичаните, како последна контрола пред настапот во квалификациите за ЕП.

Се вчитува...