Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години загуби од Чешка со 2-1, во вториот меч од пртетквалификацискиот турнир за ЕП. Ова драстично ги намали шансите на нашиот национален тим за пласман во елитната фаза од квалификациите.
Чешка поведе со головите на Томаш Златохлавек во 24.минута и на Васил Кусеј во 54. минута. Македонија се врати во игра со голот на Марко Ѓорѓиевски во 67. минута, а пред самиот крај имавме и можност за израмнување, но не беше искористена.
Во последното коло, Македонија ќе игра со Луксембург, но и победа нема да гарантира пласман во елитната рунда. Чешка и Хрватска се во подобра позиција и доколку ремизираат на меѓусебниот натпревар, ќе се пласираат во следната рунда од квалификациите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА