Младата репрезентација до 19 година, загуби на првиот квалификациски натпревар за ЕП 2023 година од Србија. Србите имаа водство од 0-2, а на крајот Македонија само успеа да намали.
„Кобен“ за Македонија беше Лазетиќ кој постигна два гола: првиот во 35. минута од пенал, а вториот во 80. минута по акција.
Зенку успеа да израмни во 86. минута, но недоволно да се избегне поразот.
Покрај Србите, во нашата група се уште Норвешка и Сан Марино. Во првиот меч Норвежаните беа подобри и победија со 2-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА