И репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 19 години ги доби своите противници за првата фаза во следниот квалификациски циклус за пласман на ЕП 2020.
Македонската селекција на денешната ждрепка се најде во Групата 3 заедно со репрезентациите на Чешка, Хрватска и Луксембург. Домаќинот на квалификациската група која ќе се игра во октомври следната година ќе биде дополнително определен.
Само најдобрите две репрезентации од секоја од 13 квалификациски групи продолжуваа во елитната рунда квалификации за ЕП која ќе се игра пролетта 2019 година.
Како што е познато, актуелната генерација фудбалери до 19 години денеска од 11 часот, пак, ја очекува ждрепката за елитната рунда квалификации. Македонија пласман меѓу европската елита до 19 години обезбеди доминантно со три победи против Белгија, Швајцарија и Лихтенштајн во групата од првата фаза во квалификациите кои се играа пред еден месец во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА