Македонската репрезентација за фудбалери до 19 години ремизираше без голови со Црна Гора на првиот пријателски натпревар кој се одигра во Даниловград.
Избраниците на селекторот Еркан Селими одиграа максимално рамноправен натпревар со домаќините, и со повеќе изразити шанси и за триумф на дуелот, и покрај тоа што Македонија од 40 минути играше и со фудбалер помалку.
Вториот тест натпревар меѓу Македонија и Црна Гора е закажа за в недела, 12 октомври.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

