Македонската репрезентација за фудбалери до 19 години ремизираше (1-1) со селекцијата на Турција на првиот од двата предвидени меѓусебни тест дуели.
Избраниците на Дашмир Беари одиграа квалитетен натпревар во кој до ремито дојдоа со голот на Бесар Гаџуфи. Претходно Турците поведоа на стартот на второто полувреме.
Следниот тест-дуел закажан е за 11. октомври со почеток од 14:30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА