Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 19 години славеше на првиот од двата предвидени пријателски натпревари против соодветната селекција на Азербејџан во Баку.
Тест дуелите со Азербејџан треба да бидат една од финалните подготовки за селекцијата на Вујадин Станојковиќ пред квалификациите за ЕП. На првиот тест вчера Македонија славеше со 1-0 со голот на Бојан Колевски во 75. минута од средбата.
Македонија во Баку е без тројца од своите најдобри поединци, Дарко Чурлинов, Елиф Елмас и Димитар Митровски, сепак, одигрувајќи квалитетен дуел за заслужен триумф. Следниот пријателски натпревар меѓу Македонија и Азербејџан се игра утре од 15 часот.
ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР
Азербејџан – Македонија 0-1 (0-0)
Стрелец: Бојан Колевски 75`
МАКЕДОНИЈА: Христијан Стефковски, Тодор Тодоровски, Михаил Маневски (Христијан Делевски 85`), Бане Маневски (Филип Стојчевски 46`), Аргон Руфати, Антонио Митрев, Марко Ферукоски, Бојан Миовски (Марио Станковски 66`), Никола Богдановски, Енис Фазлагиќ, Кристијан Трапановски (Кирил Ристовски 66`)
Селектор: Вујадин Станојковиќ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА