Младата кошаркарска репрезентација на Македонија загуби од Унгарија со 34-57 (13-13, 6-12, 4-12, 11-20) на Европското првенство – Б дивизија кое се игра во Софија.
Очајно одиграните втора и трета четвртина во кои нашите момчиња постигнаа вкупно 10 поени за 20 минути пресудија за победата на Унгарците.
Всушност пресуди неверојатната серија од цели 12 минути без постигнат поен на Македонија. На седум минути пред крајот на вториот период и цели пет минути од третата четвртина Македонците не успеаја да запишат ниту еден поен.
Ниту Унгарија не покажа нешто којзнае што на мечот, но токму нашиот очај во нападот, за разлика од солидната одбрана, пресудија за пораз од 34-57 на крајот.
Само четворица наши кошаркари се запишаа во листата на стрелците. Најефикасен во нашите редови беше Виктор Ефремовски со 11 поени, а Ранко Мамузиќ постигна 10 поени. Петар Прентовиќ постигна 8 поени, а Петар Огњеновиќ го заврши мечот со 5 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА