У-21: Германците со два брзи гола во првите 8 минути обезбедија финале со Португалија

Младата репрезентација на Германија ќе игра во финалето на Европското првенство за фудбалери до 21 година откако во полуфиналната пресметка славеше со 2-1 против Холандија.

Германците до триумфот дојдоа со два брзи гола во првите осум минути. Уште во 1. минута погоди Вирц, а истиот фудбалер во 8. минута донесе и 2-0.

 

Холанѓаните единствено успеаја во 67. минута со голот на Шурс да го ублажат поразот.

Во финалето Германија ќе игра со Португалија која во првото полуфинале славеше против Шпанија со 1-0.

Се вчитува...