Во вториот контролен натпревар одигран на Кипар, македонската репрезентација до 21 година одигра 1-1 против Србија. Македонската селекција имаше водство, а Србите израмнија од белата точка.
Во 20. минута преку Калкан, Македонија се стекна со водство, а од пенал Митровиќ израмни во 45. минута.
Второто полувреме изобилуваше со шанси на двете страни. Двојна шанса имаа Србите, но се истакна Алчевски. Илиевски имаше „зицер“ сам со голманот, но го префрли голот. Во 90. минута нова шанса за Македонија која не беше реализирана и на крајот останува да жалиме за победата.
Претходно Македонија одигра со Кипар со истиот резултат 1-1 во меч во кој избраниците на Канатларовски не реализираа и удар од белата точка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА