Македонската репрезентација до 21 година, одигра нерешено 1-1 на пријателскиот меч на гостувањето на Кипар. Нашата селекција имаше негатива на полувремето, но во вториот дел успеа да израмни, и да пропушти шанса од пенал дури и да победи.
Кристодолу донесе водство за селекцијата на Кипар во 41. минута. Но, во 66. минута македонската репрезентација успеа да го најде патот до мрежата и да го израмни резултатот преку Илиевски. Одлична акција, и Илиевски погоди во голот на Кипар.
Во 85. минута пенал за Македонија по фаул над Малески, меѓутоа Андреј Стојчевски не го реализираше ударот од 11. метри.
Во 87. минута Македонија остана со играч помалку откако Решат Рамадани доби црвен картон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА