У-21: Македонија со убедлив пораз од Полска ги стартуваше квалификациите за ЕП (ВИДЕО)

Македонската репрезентација до 21 година со убедлив пораз од 3-0 на гостувањето кај Полска, ги почна квалификациите за пласман на Европското првенство 2027 година во Албанија и во Србија. Македонија не успе да се снајде на стадионот „Краковија“ во Краков, и одигра под просечен натпревар, а Полјаците ги казнија грешките во одбраата, особено во вториот дел кога со две брзи контранапади и со два убави гола успеаја да ја запечатат победата.

По првиот дел Полска имаше минимална предност од 1-0. Несреќниот автогол на Зенделовски во 22. минута, ги однесе домашните на пауза со предност. Полска доминираше во првиот дел, меѓутоа не успеа да направи уште некоја посериозна шанса.

Во вториот дел „блицкриг“ на домашните и два гола за само три минути. Ја чекаа и ја дочекаа шансата да ја зепечатат победата над нашата селекција и да донесат голема радост на трибините.

Регула во 65. минута по еден продор по левата страна, стигна до 22-23 метри од голот на Џеков и успеа да постигне прекрасен гол.

Третиот гол на Полска беше сличен како и вториот. Го постигна Пиенко, исто по продор од левата страна и убав удар по кој Џеков беше немоќен.

До крајот на мечот Македонија нападна да го убалжи поразот, но не успеа да дојде до посериозна прилика, додека Полска чекаше уште една контра за да постигне и четврти гол, но немаше промена на резултатот.

Следниот меч Македонија го игра против Италија во Битола.

Се вчитува...