У-21: Пораз од Украина на стартот од „Анталија куп 2019“

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година загуби во првиот натпревар на „Анталија куп 2019“ од селекцијата на Украина.

И покрај тоа што Македонија во голема мера одигра рамноправен дуел со Украинците на крајот избраниците на Благоја Милевски загубија со убедливи 1-3 (0-1).

Украинците поведоа со гол во 15. минута. Во продолжението тотална доминација на Македонија но откако не беа реализирани неколку 100% шанси за погодок следеше казна за 0-2 во 72. минута. Украина во 83.минута поведе и со 0-3, за да во 85. минута македонските репрезентативци преку Марио Крстовски успеат да постигнат почесен погодок.

Селекторот Милевски натпреварот го почна во следниот состав: Божиновски, Антовски, Руфати, Личина, Ристовски, Атанасов, Абаз, Здравковски, Трапановски, Митровски, Тодороски.

Следниот натпревар на „Анталија куп 2019“ е в недела, 24. март, против селекцијата на Летонија.

Се вчитува...