У-21: Шпанците сами си се елиминираа со ефектен автогол, Португалија во финале на ЕП (ВИДЕО)

Младата репрезентација на Португалија ќе игра во своето трето финале во историјата на европските првенства за фудбалери до 21 година откако во полуфиналето славеше против Шпанија со 1-0.

На дуелот кој се играше во Марибор Португалците дојдоа до победата по ефектниот автогол на Хорхе Квенка во 80. минута.

 

Во финалето Португалија ќе игра со подобриот од втората полуфинална пресметка меѓу Холандија и Германија.

Се вчитува...