У-21: Украина ја „отпиша“ Србија

Во квалификациите за пласман на ЕП за играчи до 21 година, во нашата група Украина на домашен терен ја совлада селекцијата на Србија со 2:1, и со тоа нашиот северен сосед е веќе отпишан од битката за првите две места.

Украинците преку Крискив поведоа со 1:0, а Бондаренко во 45. минута утна пенал.

Во вториот дел Митровиќ успеа да израмни во 78. минута. Меѓутоа Судаков за само три минути го врати водството на Украина, кое беше задржано до крајот на средбата.

Сега Украина има 13 бодови, и веќе е извесно дека заедно со Франција ќе се борат за првите две места. Вечерва Македонија ако победи со Франција, ќе се вмеша во битката за врвот. На полувреме резултатот е 0:0.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...