Македонскиот национален тим до 15 години денеска на комплексот „Петар Милошевски“ е поразен од селекцијата на Србија со 2-4. Дури пет гола паднаа во првиот дел каде беше 2-3, а потоа Србите постигнаа уште еден гол со кој ја обезбедија победата.
Србија од пенал уште во 2. минута поведе со 0-1, а во 16. минута веќе беше 0-2. Србите во 25. минута дојдоа и до убедлива предност од 0-3.
Тогаш Македонија почна да игра и преку Ристиќ и Спироски успеа да намали на 2-3, резултат кој беше актуелен на полувремето. Во вториот дел Србите со четврти гол во мрежата на Македонија, ставија точка на триумфот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА