На тренинг центарот „ Петар Милошевски”, во комплексот Куќа на фудбалот, репрезентацијата на Македонија предводена од селекторот Тони Јакимовски загуби со 2:0 од Бугарија.
Во рамките на првиот натпревар од меѓународниот развоен турнир за фудбалери до 16 години ( генерација 2005 ), нашата млада репрезентација одигра слабо и под очекувањата, противникот сосема заслужено славеше победа.
Првиот погодок беше дело на Петар Кирев во 27 минута од натпреварот. Конечните 2:0 ги постави Росен Маринов во 80 минута. Нашите фудбалери и покрај лошата игра, не успеаа да искористат неколку добри шанси за погодок, особено во второто полувреме.
МАКЕДОНИЈА : 1. Јовановси Стефан, 5. Стојилевски Марко, 6. Беќири Амир, 7. Стојанов Кире, 8. Ѓоргиевски Мартин, 9. Назифи Зани, 10. Јамини Азис, 11. Мухамед Елмас, 14. Аризанкоски Андреј, 15. Таири Хадис, Нухија Амир;
БУГАРИЈА: 12. Умут Хабил, 3. Стилијан Стојчев, 5. Росен Маринов, 6. Виктор Василев, 7. Захари Атанасов, 8. Антоан Стојанов, 10. Асен Митков, 13. Џорџи Караиванов, 15. Мартин Ѓеоргиев, 19.Петар Кирев, 22. Роберто Раучев;
Во вториот меч на 28 март, недела со почеток од 11 часот, Македонија силите ќе ги одмери со селекцијата на Босна и Херцеговина. Меѓусебниот дуел Бугарија и Босна и Хервеговина ќе го одиграат во петок на 26 март во 11 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА