Македонската репрезентација до 16 години ја совлада соодветната селекција на Словенија со 1:0 на контролниот натпревар одигран на тренинг центарот “Петар Милошевски” во Скопје. Сава Аврамовски во 69. минута го постигна голот за победа на нашата селекција предводена од Марио Вујовиќ.
Во натпревар без многу шанси на двете страни, големи заслуги за победата на Македонија има и нашиот голман Јорданов, кој по еден час игра брилијантно интервенираше во единствената стопрроцентна шанса за гостинот.
Македонија: Јорданов, Сали, Костовски, Стојменов, Асани, Николов, Тодоровски, Арифи, Аврамовски, Максимов, Костоски;
Алчески, Салиу, Ѓурковски, Мурати, Терзиев, Фетаи, Ќамили, Омерагиќ, Андоновски, Ваневски;
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА