Пред два дена репрезентацијата на Македонија до 16 години ја совлада селекцијата на Словенија со 2-0 во пријателски натпревар. Денеска на вториот меч Словенците беа подобри со 4-0, и се ревнашираа за тој пораз.
Габриел Богатинов уште во 6. минута донесе предност за Словенците. Таи Примц во 17 минута донесе и 2-0 за гостите.
Македонија пропушти можност да се врати во натпреварот, откако Андреј Цветковски промаши пенал во 25. минута од средбата. Од тогаш се тргна наопаку за избраниците на Драган Начевски.
Дин Окановиќ во 51. минута беше сигурен од белата точка и донесе 0-3, а конечните 0-4 ги постави Алексеј Шутало во 81. минута од средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА