Македонската фудбалска репрезентација до 17 години одигра реми без голови против фаворизиранта Полска во првиот натпревар од квалификацискиот турнир во Ирска.
Полјаците и денеска ја контролираа играта па упатија дури 17 обиди кон нашиот гол од кои само три завршија во рамките на голот, наспроти нашите скромни два обида. Сепак избраниците на Тони Јакимовски успеаја да ја сочуваат мрежата недопрена, а со тоа да стигнат и до првиот бод на турнирот.
Во следниот натпревар кој е закажан за в недела од 20 часот, „црвено-жолтите“ силите ќе си ги одмерат со Ирска која првиот меч од турнирот ќе го одигра денеска против Андора.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА