Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 17 години со одлична игра славеше со 1-3 на гостувањето против БиХ, на првиот од двата контролни натпревари против овој ривал што се играат во Љубушки.
Избраниците на селекторот Канатларовски доминираа на теренот, па уште во првото полувреме стигнаа до водство од 0-2 со головите на Чилафи, првиот на асистенција на Стојановски, а вториот по додавањето на Илјази. БиХ намали од пенал преку Диздаревиќ, но печат на заслужената победа стави Елези со убав погодок во 84. минута.
Судијата досуди уште еден пенал за БиХ во 86. минута од натпреварот, но голманот Стефан Тасев го одбрани ударот од белата точка што го упати Алем Јапаур.
Двете селекции ќе одиграат уште еден контролен натпревар на 14 февруари, со почеток во 10.30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА