У17: Словенија убедливо ја совлада Македонија

Репрезентацијата на Македонија до 17 години го запиша и третиот пораз во квалификациите за пласман на ЕП, откако денеска на турнирот во Словенија загуби и од домаќинот со 4-0. Со тоа избраниците на Влатко Колев ги завршуваат настапите со три порази, откако претходно загубија и од Германија и од Франција со по 2-1.

Головите за Словенија ги постигнаа Јереб и Блажиќ во првото полувреме, а во второто полувреме Јереб зголеми на 3-0, а потоа Робин во судиското надополнување за конечни 4-0.

Македонија ги заврши настапите на последното место без ниту еден освоен бод и со гол разлика 2:8. Прва заврши Франција со максимални девет бодови, втора Словенија со четири, додека исто бодови имаше и Германија.

Се вчитува...