Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години „Челинџерот“ на ФИБА кој во текот на целата седмица се играше во Скопје го заврши со пораз од Германија со 79-97. Слично како и на вчерашниот натпревар против Србија, избраниците на Василев одиграа одлични триесетина минути против фаворизираниот противник.
На крајот пресуди поголемото искуство на Германија чија кошарка бележи голем подем во последните неколку години. Слично беше и на натпреварите помеѓу Шпанија и Србија, а турнирот ќе го помнеме со победата против Грузија со што средбите со А-репрезентациите ги завршуваме со една победа и пет порази.
Учинокот од една победа и четирип порази не значи и пораз за македонската кошарка. Таа е оддмна поразена, ова е само еден „крик“ кој го продолжува подобрувањето во последните неколку години. Она што радува е начинот на кој овие момци одиграа за националниот дрес и покрај клучните проблеми кои ги има мак-баскетот.
Едноставно селекциите кои постојано се наоѓаат на ова високо ниво знаеја да го искористат најголемиот недостаток во македонската репрезентација – висината и во нападот и во одбраната, и тоа се одрази за ваквиот епилог на настаните. Меѓутоа доколку го изземеме првиот меч против Хрватска на кој бевме целосно надиграни, на останатите натпревари против Шпанија, Грузија, Србија и Германија покажавме дека и нашите младински репрезентации можат да функционираат.
Овој турнир треба да охрабрува и да биде поттик за подобра работа и поголемо вложување за враќање на македонската кошарка онаму каде што припаѓа. Едноставно тоа не е процес кој може да го направиме преку ноќ, меѓутоа мораат да се случат и конкретни промени за еден ден повторно да бидеме блиску до европскиот пиедестал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА