Македонските ракометари од селекцијата до 18 години славеа над Луксембург со резултат 31-24, за втора радост во вториот натпревар што се одржува во Тбилиси, Грузија. За разлика од вчерашниот дуел со Литванија на кој работата беше завршена во првото полувреме, овојпат избраниците на Данило Брестовац работата ја завршија во вториот дел, во кој со серија од четири гола се одлепија резултатски и на крајот заслужено се радуваа на победата.
Првото полувреме сосема неочекувано мина во изрманета битка, Луксембург наоѓаше одговор за нашата игра во одбрана, па на одмор се замина со 14-14. Резултатот беше израмнет се со 18-18, за потоа Македонија да влезе во посакуваниот ритам, набрзина да поведе со 22-18 и да го реши прашањето на победникот. Остатокот од мечот не само што не му беше дозволено на ривалот да се врати, туку нашите млади ракометари уште повеќе ја зголемија предноста се до конечните седум гола разлика.
Утре е слободен ден на првенството, а Македонија в понеделник во рамките од третото коло ќе се сретне со Фарски острови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА