Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 19 години ги дозна противниците во квалификациите за ЕП 2021 што ќе се одржи во Романија.
„Црвено-жолтите“ ќе се сретнат со селекциите на Чешка, Данска и на Албанија, на турнирот што ќе се одржи во Чешка во октомври 2020 година. Пласман во главните квалификации обезбедуваат двете најдобри селекции од секоја група, плус најдобрата третопласирана репрезентација.
„Групата во која се наоѓаме не е најтешка, но ниту наивна. Противниците се доста сериозни и навистина треба добро да се подготвиме доколку сакаме да минеме во Елитна фаза квалификации. Имаме доста време за анализа и подготовка, а за мене е значајно ние да бидеме максимално подготвени и во полн состав. Данска е фаворит, Чешка игра на домашен терен, но за нас тоа не менува премногу. Ќе ја бараме својата шанса, а целта е да бидеме меѓу двете најдобри репрезентации кои ќе обезбедат место во следната фаза за Европско првенство”, изјави селекторот на нашата У19 селекција, Шкумбин Арслани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА