У19: Младите фудбалери ремизираа со БиХ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската репрезентација до 19 години одигра нерешено, без голови против врсниците од Босна и Херцеговина во првиот натпревар од претквалификациите за пласман на Европското првенство 2020, одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Во тврд натпревар во кој ниту еден од противниците не доминираше на теренот, двете репрезентации беа задоволни со бодот кој ги остава во игра за една од првите две позиции кои сигурно водат во елитната фаза од квалификациите. Во вториот меч од нашата група Англија ја оправда фаворитската улога совладувајќи го Луксембург со убедливи 4-0. Избраниците на Станиќ вториот меч од претквалификациите ќе го играат во сабота против истоимената репрезентација на Англија.

 

Се вчитува...