У19: Надежите против Белгија за елитната рунда квалификации за ЕП

По големата победа против Швајцарија во првиот натпревар од почетната квалификациски група за пласман на ЕП, младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 19 години денеска против Белгија од 13 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“  во Скопје во акција за обезбедување елитни квалификации за ЕП.

Избраниците на Вујадин Станојковиќ, иако се свесни дека ќе имаат повеќе од тешка задача против првиот фаворит во групата, сепак веруваат во добар натпревар против Белгијците и остварување на можноста со нов триумф и дефинитивно да си обезбедат чекор напред на патот кон ЕП.

Голем мотив за тоа носи и начинот на кој се стигна до победата против Швајцарија со одлична игра во второто полувреме по која можеше да се стигне и до поубедлива победа од онаа 2-1, со головите на Трајановски и Јани Атанасов од пенал.

Белгија во првото коло, како што е познато, убедливо славеше против Лихтенштајн со 3-0. Во вториот денешен натпревар (исто така од 13 часот), Швајцарија ќе игра со Лихтенштајн.

Се вчитува...