У20: Младинците загубија и од Унгарија

Младинската кошаркарска репрезентација претрпе уште еден пораз на Европското Првенство – Б дивизија што се одржува во Португалија, откако нашите кошаркарски надежи попладнево загубија и од Унгарија (62-55) во дуелот за пласман меѓу 13. и 16. место на шампионатот.

За разлика од претходните натпревари, овојпат избраниците на селекторот Радуловиќ беа достоен ривал во текот на целиот меч. На половина од последната четвртина Унгарците имаа само еден поен предност (51-50), но „црвено-жолтите“ не го издржаа темпото до самиот крај и претрпеа уште еден пораз.

Павле Михајлоски оствари дабл-дабл од 17 поени и 10 скокови, по 10 поени постигнаа Крстевски и Анастасов, додека Темелковски мечот го заврши со 7 поени, 13 скокови и 5 асистенции.

Се вчитува...