У20: Украина е светски шампион во фудбал

Украина е новиот светски првак за фудбалери до 20 години откако оваа селекција успеа да се закити со златниот медал на шампионатот што се одржуваше во Полска.

Во младинскиот мундијал преполн со изненадувања фаворитите испаднаа во раната фаза од првенството, а во големото финале се сретнаа Украина и Јужна Кореја (3-1). Интересно, Корејците први поведоа со пенал во 5. минута, но потоа пресврт на Украинците со два гола донесе Суприаха.

Јужна Кореја се обиде да израмни, но одличен на голот на Украина беше младиот голман на Реал Мадрид, Лунин. Казната за промашените шанси стигна во 89. минута, кога Цитаишвили ги постави конечните 3-1 и го запечати најголемиот успех во историјата на украинскиот фудбал.

Се вчитува...