У21: Австријците пред доаѓањето во Македонија поразени од Србија… (видео)

Младата репрезентација на Австрија, пред доаѓањето во Скопје на дуелот против Македонија во квалификациите за ЕП 2019, загуби од Србија (1-3) на дуелот во Ензерсдорф.

Србите со овој триумф го продолжија максималниот ефект по четири натпревари во квалификациите, уште еднаш потврдувајќи дека се главниот фаворит за освојување на првото место во групата.

Србите поведоа со голот на Лутовац во 30. минута, Австрија успеа да израмни на 1-1 со голот на Лаимер во 80. минута…

Но, гостите дојдоа до победа со погодоците од пенал на Јовиќ во 87. минута и Илиќ во 91. минута.

Србија, за разлика од дуелот против Македонија во Скопје, сега играше без најдобрите свои фудбалери Живковиќ и Грујиќ кои, по смената на Славољуб Муслин, се активирани во сениорската селекција на Србија во рамките на подготовките за СП 2018.

Македонија против Австрија игра на 14. ноември од 13 часот на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

РЕЗУЛТАТИ – ГРУПА 7

Ерменија – Русија 1-2

Австрија – Србија 1-3

ТАБЕЛА: Србија (4 нат.) 12 бода, Русија (5 нат.) 10, Ерменија (6 нат.) 7, Австрија (4 нат.) 6, МАКЕДОНИЈА (3 нат.) 3, Гибралтар (6 нат.) 3 бода.

Се вчитува...