У21 квалификации за ЕП: Франција ја зголеми предноста на врвот на табелата

Француската репрезетнација до 21 година стигна до шестата победа во квалификациите за Европското првенство откако славеше над Фарски Острови во 2-0 на домашен терен. До победа Французите ги предводеше Камавинга со гол во 23. минута, а конечниот резултат го постави Јоханесен кој во 82. минута постигна автогол.

Со оваа победа Франција ја зголеми предноста на врвот на табелата во групата во која се наоѓа и Македонија. Сега „триколорите“ имаат 19 освоени бода, шест повеќе од второпласираната Украина чиј натпревар против Ерменија очекувано беше одложен поради војната.

Како потсетување, нашата репрезентација загуби од Србија со 2-1 во денешниот натпревар.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...