Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година загуби на домашен терен од Фарски Острови со 0-1 во натпревар од 8. коло во квалифиакциите за пласман на Европското првенство 2023 година во Романија и Грузија.
Повторно очајна игра на избраниците на Драги Канатларовски и срамен пораз од аутсајдерот во групата кој успеа да стигне до полн плен на „Тодор Проески“.
Во 21. минута првата голема шанса ја имаа гостите. Левото крило на Фарски Острови, Блесинг одлично биеше, а гредата беше сојузник на нашиот голман Денковски, па резултатот на семафорот остана почетниот 0-0. Македонија добра шанса имаше во 31. минута кога Рустемовски биеше непрецизно. Воша проба преку соло продор по десната страна во 44. минута, но и тој биеше покрај голот на голманот на гостите.
Второто полувреме стартуваше со стоотстотна шанса за гостите, но повторно како и на мечот со Србија, одлично интервенираше и успеа да го зачува голот на Македонија. Контрите беа најголемото оружје на Фарските острови и преку една одлично одиграно, голманот Давид Денковски лошо интервенираше и напраи пенал, кој за малку не успеа да го одбрани, а водство за гостинскиот тим донесе Радосављевиќ во 52. минута.
До крајот на натпреварот „црвено-жолтите“ се обидуваа да стигнат барем до реми, но не успеаја во тоа и на крајот го запишаа и четвртиот пораз во овие квалификации, кој е најболен бидејќи е од аутсајдерот во Х сегментот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА