Програмата на двата стручни штаба сакаше македонските репрезентации, сениорската и онаа младата, секоја со своите подготовки за натпреварите со Норвешка односно Австрија, сакаше речиси во исти термини на центарот „Петар Милошевски“ да ги одработат денешните тренинзи…
Па, во една таква ситуација, Енис Барди, Марјан Радески, Бобан Николов, Кире Маркоски, Дарко Велковски, Ѓоко Зајков, Висар Муслиу… кои сега се во сениорскиот состав не пропуштија можност да „влетаат“ на тренингот на селекцијата во која беа до јуни оваа година… Едноставно, У21 тимот и начинот на кој истиот живееше со „хероите“ во изминатите две години секогаш останува во срцето!
[new_royalslider id=”841″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА