Уапсен албански навивач во Лесковец: Имал полно комбе со маици УЧК

Министерствотот за внатрешни работи на Србија денеска информираше, дека полицијата на нашиот северен сосед уапсила 53-годишен албански државјанин кој е обвинет за предизвикување на национална, расна и верска омраза.

Полицијата на Србија во соработка со Царинската управа на оваа земја, го уапсиле Албанецот кој сакал да внесе полно комбе со маички, капи, дуксери кои ги имале симболите на УЧК.

„Пронајдените предмети биле планирани да се користат и да бидат истакнати на мечот против Србија во Лесковац“, објавија српските власти.

Натпреварот меѓу Србија и Албанија се игра в сабота од 20.45 часот.

Се вчитува...