Познат фудбалер кој игра во Премиерлигата за неколку клубови е уапсен под сомнение дека силувал девојка во луксузен хотел.
Познат фудбалер (24) е уапсен под сомнение дека силувал девојка во луксузен хотел во Лондон. Како што се дознава, станува збор за интернационалец кој настапува во Премиерлигата, а чие име, поради законот во Обединетото Кралство, не е објавено и сигурно нема да биде објавено до крајот на постапката.
Нему му е одреден притвор до средината на декември и полицијата работи на случајот кој го потресе целиот остров, пренесува британскиот таблоид „Дејли мејл“. Досега во јавноста се појавија многу малку информации, односно се знае дека бил пријавен од девојка на возраст од дваесетина години која излетала од собата и побарала на рецепција во хотел со пет ѕвезди да повика полиција. Неофицијално, девојката дошла во хотелот со фудбалерот откако се сретнале во еден бар во Лондон.
Девојката тврди дека фудбалерот ја нападнал и силувал, па по доаѓањето на полицијата бил уапсен. Полицијата го испрашала осомничениот, земала отпечатоци од прсти и ДНК, а потоа вештачењето влегла во просторијата каде што биле заедно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА