Британската полиција уапси навивач за време на натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Сити, откако наводно ја исмејувал трагедијата во Минхен во 1958 година.
Во таа трагедија меѓу другите загинаа и осум фудбалери на Јунајтед. Полицијата уапси маж откако навивачите на двата клуба пријавиле инцидент за време на неделното дерби на стадионот на Манчестер Сити, објави „Би-Би-Си“.
„За време на дербито во Манчестер, полицијата уапси маж под сомнение дека скандирал за трагедијата. По пријава од толпата, човекот веднаш бил уапсен“, се вели во соопштението на полицијата на Манчестер.
Во авионска несреќа во Минхен во 1958 година, загинаа 23 лица, меѓу кои и осум фудбалери на Манчестер Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА