Тетовската полиција попладнево објави дека е уапсен навивачот на Тетекс кој пред крајот на денешниот натпревар од 6. коло во Втората македонска фудбалска лига со Каменица Саса во Тетово, втрча на терен и го удри напаѓачот на гостите Бошко Ступиќ.
Навивачот откако го удри Ступиќ, побегна и во прв момент присутните припадници на полицијата не успеаја да го фатат, но потоа беше уапсен навивачи против кого ќе биде покрената кривична постапка.
„Полициски службеници на СВР Тетово денеска (1 октомври) во 17 часот и 25 минути, во продолжението од првенствениот фудбалски натпревар Тетекс-Каменица Саса, во 94-та минута, го лишиле од слобода Н.А.(18) од Тетово, кој ја прескокнал оградата од главната трибина и физички го нападнал гостинскиот фудбалер Б.С.(38).од Пробиштип. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок“ – информираа од тетовската полицијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА