Уапсен осомничен за нападот на автобусот на Дортмунд

Едно лице е уапсено за нападот врз автобусот на Борусија Дортмунд, откако во текот на вчерашниот ден се слушнаа три експлозиии додека автобусот се движеше кон стадионот каде „милионерите“ требаше да игра против Монако. Покрај значителната материјална штета, фудбалерите беа во шок од нападот, анајлошо помина Марк Бартра – шпанскиот дефанзивец беше повреден од скршено стакло и притоа се здоби со исекотини на рацете и мораше да биде опериран.

Германското државно обвинителство претпоставува дека нападот врз автобусот имал терористички мотив. Во пронајденото писмо пишуваше дека причина за овој напад била учеството на германските сили во Сирија, па имаше барање истите да се повлечат. Сепак, чекор напред во истрагата е апсењето на едно од двете лица кои се сметаат за одговорни за нападот.

„Во моментов имаме двајца осомничени, од кои еден е уапсен. Терористичката позадина е основа на нападот, тоа го потврдивме. Пронајдовме неколку писма во кои се превзема одговорноста за нападот. Во писмата пишува дека мотив за овие напади биле учеството на германските сили во Сирија, а со мотивот имаше и барање истите сили да се повлечат од Сирија, додека второто барање беше да се затвори американската воена база во Рамштајн“ – изјави Фрауке Келер, портпаролката на обвинителството.

Се вчитува...