Уапсен поранешен српски фудбалер откако физички ја нападнал партнерката

Поранешниот српски фудбалер и репрезентативец, а подоцна и тренер на помладите категории на Црвена звезда, Огњен Короман е приведен откако ја нападнал својата поранешна партнерка Ана М, пренесуваат медиумите од оваа земја.

При приведувањето, на Короман му е извршено алкотестирање и било утврдено дека во моментот на инцидентот бил во алкохолизирана состојба.

Се се случило во четвртокот наутро околу осум часот, а се наведува дека Короман имал 0,54 промили алкохол во телото.

„На 21.09.2023 година во 08.10 часот е донесен Короман Огњен, поранешен фудбалски репрезентативец под сомнение дека вербално, а потоа и физички ја нападнал својата поранешна партнерка“, потврдија од белградската полиција. 

Се вчитува...