Уапсен поранешен светски шампион на 100 метри

Поранешниот светски шампион и актуелен сопственик на олимпискиот бронзен медал на 100 метри, Фред Керли е уапсен во пресрет на атлетскиот собир во Мајами.

Тој затоа го пропушти овој спортски настан, а причина е конфликтот во официјалниот хотел на митингот. Според американските медиуми, Керли физички ја нападнал својата поранешна девојка.

Според сведоците, Фред ја удрил Алиша Џонсон, американска олимпијка која се натпреварува на 100 метри со пречки, во главата.

„Керли беше уапсен синоќа. Истрагата е во тек и сите прашања во врска со неа мора да се упатат до канцеларијата на шерифот на округот Бровард. Фред нема да се натпреварува овој викенд и немаме дополнителни коментари“, објавија организаторите.

Керли минатата година на Олимписките игри во Париз освои бронза на 100 метри, додека пред четири години во Токио освои сребро во истата делница. Тој беше светски шампион во најатрактивната дисциплина во Јуџин во 2022 година.

Се вчитува...