Уапсен поранешн кошаркар на Панатинаикос поради грабеж

Поранешниот кошаркар на бројни европски клубови, меѓу кои и Панатинаикос Маркус Денмон е уапсен поради вооружен грабеж што го извршил во Оклахома, јавуваат повеќе американски медиуми.

Во сезоната 2017/2018 Денмон настапуваше за Панатинаикос, а пред и по краткиот престој во Атина ги бранеше боите на неколку турски клубови. Таа сезона во која ПАО беше шампион, беше најдобар стрелец во грчкото првенство.

Според обвинението, Маркус, заедно со Малик Денмон, нападнале од заседа жена која во тој момент ги ставала чантите во нејзиниот автомобил. По грабежот двајцата осомничени побегнале со Шевролет Малибу со „плен“ вреден 15.000 долари накит и предмети и 16.000 долари во кеш.

Денмон се откажа од своето право на екстрадиција и се согласи да се врати во Оклахома, во притвор, за да се соочи со обвиненијата поднесени на 28 февруари. Судијата му одреди кауција од 50.000 долари.

Последниот клуб на Денмон беше Тофаш, за кој настапуваше во сезоната 2023/2024. Во Европа, освен за Панатинаикос и Тофас, играше за Елан Шалон, Бриндизи, Газиантеп, Петким, Перистери.

Се вчитува...