Уапсен поранешниот хрватски репрезентативец Шимиќ!

Во полициска акција во Хрватска утрово се уапсени повеќе од 60 лица, а меѓу нив бил и поранешниот хрватски репрезентативец Јосип Шимиќ, кој е брат на далеку повеќе популарниот Дарио Шимиќ, пренесува РТЛ. 

Јосип Шимиќ играше за Динамо Загреб, Бриж, Арис, Вартекс, а за репрезентацијата на Хрватска одигра седум натпревари во периодот од 1999 до 2000 година.

Тој и другите уапсени се теретат за затајување на данок, фиктивна трговија како и други коруптивни дела во состав на злосторничко здружување.

 

Се вчитува...