Уапсен претседател на македонски прволигаш во Турција – бил фатен со 2,5 килограми злато вредно 300.000 евра

Огромен скандал објавуваат денеска турските медиуми. Претседател на македонски фудбалски клуб бил фатен како шверцува злато во вредност од 300.000 евра. Лицето Б.Х. било уапсено од страна на полицијата меѓу градовите Батман и Сиирт пред три дена.

Полицијата во неговото возило пронашло злато со тежина од два килограми и 581 грам, процнето на 300.000 евра.

Против осомничениот се поднесени судски постапки, и се води истрага дали има и други инволвирани во случајот.

Полицијата не откри дополнителни детали.

Се вчитува...