Претседателот на Фудбалската федерација на Косово Агим Адеми е уапсен во Приштина, пренесуваат косовските мдиуми. Засега не се познати причините за приведувањето на Агим Адеми од страна на полицијата.
Претходните години медиумите во регионот пишуваа дека Фудбалската федерација на Косово е под истрага на обвинителството, полицијата за економски криминал и царинската служба за злоупотреба на средства и даночно затајување.
Минатата недела Адеми беше прогласен за невин за обвинението што му беше покренато во 2012 година, за што првично беше осуден на 9 месеци затвор, за повторно да му суди Врховниот суд. На крајот Основниот суд во Приштина го прогласи за невин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА