Бразилецот Нејмар постојано е во центарот на скандалите. Откако се проширија информациите дека изневерил трудница притоа криејќи ги деталите, сега и таткото на легендарниот фудбалер е уапсен во Бразил.
Таткото на Нејмар бил уапсен откако учествувал во нелегални градежни работи на вила во Мангаратиба. Поради изградба на вештачко езеро во близина на куќата, семејството на Нејмар ја пренасочило реката, ги уништило камењата на брегот и ја расчистило шумата која се наоѓа недалеку од вилата на фудбалерот.
Откако биле извршени истражните дејства, таткото на Нејмар бил ослободен но со порична казна од 822.000 фунти, а ќе остане под истрага на локалната полиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

