Како што јавија француските и германските медиуми, полицијата во понеделникот вечерта уапсила седум лица осомничени дека се подготвувале да ја ограбат куќата на Јулијан Дракслер. Осомничените носеле качулки, ракавици и пластични ремени.
Во последните години неколку фудбалери на францускиот шампион се на мета на крадци: Донарума, Икарди, Кимпембе, Ди Марија, Тиаго Силва…
Јулијан Дракслер е член на ПСЖ од 2016 година кога пристигна од Волфсбург, но во последните сезони паѓа во втор план. Минатата сезона играше како позајмен во Бенфика.
🚨 Last night, 7 suspects were arrested as they prepared to rob Julian Draxler’s home. 🇩🇪
The suspects had hoods, gloves and plastic ties.
(Source: @le_Parisien_PSG ) pic.twitter.com/sWFte22bqZ
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 15, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА