Кошаркарот на Феникс Санс, Дилон Брукс, беше уапсен во Скотсдејл поради возење под дејство на алкохол. Според полицијата, Брукс бил уапсен во 2:00 часот наутро, и бил пуштен околу 3:20 часот.
Се наведува дека за време на акцијата на полицијата, овој крилен кошаркар бил учтив и соработувал со полициските службеници, по што брзо бил ослободен.
Брукс е надвор од терените неколку недели поради скршена рака.
Овој контроверзен кошаркар, познат по конфликтот со Леброн Џејмс, ја има најдобрата сезона во кариерата и има просек од 20,9 поени, 3,7 скока и 1,8 асистенции по натпревар.
Дилон Брукс има 30 години, а пред Феникс играше за Мемфис и Хјустон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

