Вкупно 15 лица во Франција, Бугарија, Романија и Шпанија се уапсени поради сомнение за местење на тениски мечеви од 2018 до 2024 година.
Групата обезбедувала големи профити на своите клинети така што ги диригирала победниците на одредени мечеви најмалку шест години, пренесува „Евроџаст“.
Сомнежот за местени натпревари се појави кога тенисери од висок ранг губеа и промашуваа стратешки важни поени во текот на мечевите. Со проверка на други мечеви и играчи, како и со анализа на други компании за спортско обложување е донесен заклучок за поврзаност на мечевите.
Групата е осомничена дека им платила на неколку играчи рангирани над 100-то место на АТП листата за намерно да изгубат сет или натпревар.
Финансиските трансакции покажаа дека мрежата во голема мера била управувана од Бугарија, со помош на посредници во други земји. Досега, властите идентификувале профит од 800.000 евра остварен од наместени натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

